Наскоро ќе може да се логирате во Firefox, Chrome и Edge без лозинки

Објавено на 10.04.2018 во Новости



Наскоро ќе може да се логирате во Firefox, Chrome и Edge без лозинки

Трите најпопуларни прелистувачи, Mozilla Firefox, Google Chrome и Microsoft Edge, наскоро ќе им понудат на корисниците можност да се логираат на сајтовите низ интернет мрежата со нивните кориснички сметки само со користење на својот отпечаток на прст или некаков начин на USB токен автентификација, односно беа впишување на лозинка.

Ваквиот развој на настаните е дел од напорите на FIDO Алијансата, во која се вклучени трите погоре споменати прелистувачи, како и Safari на Apple, да постигнат стандард кој нема да може да се пробие преку “Phishing” хакерски напади, кој е најчест начин на кражба на лозинки на корисниците. Со новиот стандард, буквално нема да има лозинки кои ќе може да се украдат.

Стандардот се вика WebAuthn и истиот ќе ги донесе биометриските начини на автентификација на корисникот, како отпечаток на прст, лицето на корисникот или пак ирисот на окото, во самиот прелистувач. Благодарение на тоа, корисниците веќе нема да мора да ги внесуваат своите лозинки секогаш кога ќе го вклучат прелистувачот, што ќе го олесни користењето, но и подобро ќе ги заштити од надворешни напади.

Засега оваа технологија е достапна само во Mozilla Firefox, кој е скоро секогаш првиот прелистувач во имплементирање на новитети. Во наредниве неколку месеци и Google Chrome и Microsoft Edge ќе ја имаат оваа можност. Apple пак не објави ништо во врска со WebAuthn стандардот, но би било чудно тие да не го вклучат него во нивниот Safari прелистувач, особено што многу вложуваат во биометриски начини на автентификација и се дел од алијансата која го објави овој стандард.

Овој стандард инаку е уште во зачеток и ќе треба да поминат уште неколку години додека целосно се имплементира, бидејќи него ќе треба да го поддржуваат и уредите на кои ќе се користат прелистувачите.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}