LG нема капацитет да произведува OLED дисплеи за iPhone

Објавено на 20.04.2018 во Новости



LG нема капацитет да произведува OLED дисплеи за iPhone

iPhone X е првиот смартфон на Apple со OLED дисплеј, но него го произведува Samsung. Поради тоа, Samsung има целосна контрола на цената на дисплеите, односно држи своевиден монопол на пазарот, нешто што Apple секако би сакал да го избегне. Воедно, веројатно не треба да спомнувам колку се „сакаат“ двете компании.

Идејата на Apple беше од оваа година тие да случат договор со LG за производство на OLED екрани за нови iPhone модели, а за таа цел корејската компанија вложи и во нова фабрика за такви дисплеи. Сепак, LG се уште нема доволно капацитет да произведува OLED екрани за модел како iPhone, кои се најпродавани смартфони на пазарот.

Воедно, OLED екраните за смартфоните на LG и не се покажаа како најквалитетни. Нив ги има во V30 смартфонот на компанијата и кај Pixel 2 XL, каде корисниците се жалат на недоволно силни бои и горење на екранот при подолга статична слика, како на пример текст (текстот потоа се познава на дисплејот во позадина).

Ова секако се карактеристики кои Apple никако не би ги сакал во својот смартфон од високата класа, па за да може LG да вклучи договор со американската компанија, треба да може да го покачи производството, но и да го покачи и квалитетот на самите екрани. Затоа, во догледна иднина, Samsung е безбеден како единствен добавувач на Apple за OLED екрани.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}