Безжичните слушалки може да предизвикаат рак како модерен мит

Објавено на 26.04.2019 во Рецензија


Безжичните слушалки може да предизвикаат рак како модерен мит

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Враќање на довербата на корисниците

 

Negatives:

 

- Ширење на паника преку лажни и неточни информации



Целата рецензија

Откако Apple и Samsung ги популаризираа новите модели на безжични слушалки се проширија голем број на статии во кои се тврди дека наводно преку нив се емитуваат електро-магнетни бранови преку Bluetooth Low Energy протоколот за пренос податоци, а со тоа и звук. Статијата прв ја прошири британскиот таблоид Daily Mail, а потоа сторијата ја пренесе Yahoo News, како и голем број на клик-бејт сајтови. Според пишувањата тогаш група од 250 научници апелирале на можните штетни последици од изложеноста на електро-магнетните бранови и дека поднеле петиција до Светската здравствена организација за потенцијално заболување од рак. Сепак, по направени дополнителни истражувања, исказите на групата научници биле сосема различно интерпетирани и пренесени.

Што всушност апелираат научниците?

Групата од 250 научници до СЗО поднесе всушност петиција со која се бара да се зголемат истражувањата за влијанието на електро-магнетните бранови, нивната јачина, зрачење и евентуално штетно влијание врз здравјето на луѓето. Досега таков вид на сеобемно истражување не е направено бидејќи петицијата е поднесена во 2015 година, а првите безжични слушалки на Apple и Samsung се многу нови на пазарот. Конкретно AirPods го користат Bluetooth Low Energy протоколот за пренос на податоци кој има зрачење од само 0.5mW, додека пак на пример првиот iPhone од 2007 година имал зрачење на ваков сигнал од 2.5mW.

Исто така како што се подобрува технологијата на безжичните слушалки уште повеќе се намалува влијанието на електро-магнетните бранови, а со тоа се намалува и ризикот со кој се соочуваат корисниците. Инаку самите смартфони, и било кои други електронски уреди кои користат Wi-Fi мрежа се над границата од 0.5mW. Тоа значи дека е побезбедно да направите телефонски повик преку безжичните слушалки како AirPods или Samsung Galaxy Buds, отколку директно преку самиот смартфон.

Загриженоста на здравствените работници всушност беше насочена кон фактот дека сигналот меѓу двете слушалки поставени во ушите за да се спојат и синхронизираат, поминуваат преку главата на корисникот, а со тоа и преку самиот мозок, што остава простор за дополнителни мерки на претпазливост и заштита. 

Во поднесената петиција до СЗО е исто така наведено дека земјите членки во 1998 година изработиле правилник за изложеност на EMF радијација од страна на интернационална комисија. Еден од заклучоците по направената ревизија на правилникот е дека научната литература објавена од тоа време не обезбедила никакви докази за какви било негативни ефекти под основните ограничувања.

Како апелите ќе влијаат врз технологијата?

Сосема извесно е дека нема да престанеме да користиме безжични уреди како што се смартфони, таблети, лаптопи, смарт часовници, смарт фитнес алки и итн. Сите тие се поврзуваат преку Wi-Fi модеми кои емитуваат многу посилен сигнал отколку кај самите безжични слушалки, но нема никакви докази дека овие зрачење се над минимално утврдените лимити за специфичната стапка на абсорпција (SAR) која според американската Федерална комисија за комуникации изнесува 1,6w/kg. На пример кога iPhone 7 е целосно активиран со сите LTE, Bluetooth и Wi-Fi мрежи има зрачење од 1.58 w/kg за стапка на апсорбција на телото. 
Генерално, сите електронски уреди стануваат се поефикасни, со можност за прием и емитување на сигнал на поголема далечина, а при помала стапка на емитување на електро-магнентни бранови. Тоа не треба да ги остави научниците без ангажман, туку заедно со технолошките гиганти да продолжат да работат на развој на побезбедни технологии како што нашата употреба на електрични уреди станува се поголема. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm