Блокадата на Huawei може да остави 10 илјади Американци без работа

Објавено на 30.05.2019 во Рецензија


Блокадата на Huawei може да остави 10 илјади Американци без работа

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Huawei има напредна телекомуникациска технологија;
- Huawei премиум телефоните се со пониска цена и напредни спецификации и иновации;
 

 

Negatives:

- Многу работни места ќе бидат изгубени во Америка;



Целата рецензија

Технолошко-политичката сапуница со САД и Huawei продолжува, кинеските компании ги смета Доналд Трамп за голема закана за националната безбедност на државата. 

Американците им забранија на своите компании да соработуваат со кинескиот бренд, по што Google, Intel, Qualcomm и други компании најавија прекин на соработка, која претставува егзистенцијална закана за вториот најголем производител на смартфони на светот.

Не само што им е забрането работење со американски компании, туку одлуката влијаела и врз позицијата на Huawei и Институтот за инженери по електротехника и електроника (IEEE), непрофитно здружение што се смета дека има глобален авторитет на широка техничка област за компјутерски науки и телекомуникации преку потрошувачка електроника, електрична енергија, итн.

На една конференција за медиуми, директорот за правни прашања на Huawei, Сонг Лиупинг, нагласува дека забраната не им штети само на милијарда корисници, туку ќе има и негативно влијание кај 1200 американски компании и десетици илјади бизниси во Америка. 

Домино ефектот што ја предизвика блокадата врз Huawei очигледно има големо влијание и соборува многу квадратчиња во кругот што го опфаќа со неговата соработка во повеќе сектори во деловниот свет.

Заклучок

Дури сега ќе сфатиме колкав играч беше Huawei, на кого му претстојат многу предизвици во самостојното идно освојување на пазарите со свој софтвер. Ситуацијата е прилично напната и кај корисниците, кои не знаат што ќе се случи со софтверот што го користат. Други официјални изјави, се уште немаме.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm