Нов и чист Android 8.0 Oreo е креиран за Nokia 8

Објавено на 29.11.2017 во Android



Нов и чист Android 8.0 Oreo е креиран за Nokia 8

HMD Global објави дека Android 8.0 Oreo отсега е достапен за смартфонот Nokia 8. 

„Гордо ја претставуваме нашата чиста и безбедна верзија Android 8.0 Oreo на Nokiа 8. На нашите обожаватели секогаш сакаме да им подариме најдобро Android искуство. Затоа потраја одредено време за да ја тестираме, оптимизираме и оплемениме платформата“, вели Џухо Сарвикас, директорот за производи во HMD Global.

Во соработка со фановите на Nokia телефоните во иновативните бета лаборатории, креирана е чиста верзија во комбинација со одлични перформанси и уште подобар животен век на батеријата, без никаков неред. Автоматски ќе се инсталира Android 8.0 Oreo на Nokia 8, кога ќе стане достапен во земјата.





 
Најнови телефони
 
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
  • 130 (2017)
 


{}