Додаток ќе овозможи за Huawei P60 и P60 Pro да добијат 5G конекција
Објавено на 11.04.2023 во Новости
Поради забраната од САД, Huawei наоѓа различни начини за поврзување на корисниците со 5G мрежата што и самите ја развија. Како може да пристапите кон 5G мрежите со помош на Huawei P60 и P60 Pro?
Huawei купува чипови од Qualcomm Snapdragon, но без 5G сигнал. Сепак, има начин како Huawei P60 и P60 Pro да добијат 5G конекција. Производителот на футроли Soyealink, нуди футроли за P60 серијата, која што го штити вашиот P60 уред и му овозможува на уредот да се конектира самостојно на 5G мрежа. (SA) 5G мрежата е изработена со 5G јадра и овозможува побрз интернет, додека (NSA) 5G мрежата е онаа чија што 5G инфраструктура била изградена врз база на 4G мрежата. Оваа футрола поддржува sub-6GHz 5G мрежи.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.