DiDi Neuron е робо-такси со роботска рака за да ви помага со багажот

Објавено на 18.04.2023 во Новости



DiDi Neuron е робо-такси со роботска рака за да ви помага со багажот

Кинеската компанија Didi минатата недела демонстрираше како би можеле да изгледаат автомобилите, односно робо-таксито од иднината. Автономните возила веќе одредено време ги превезуваат патниците во некои американски градови, а во таа област Кина е веќе многу напредна.

За само две години би можеле да ги видиме како на кинеските улици се возат автономните возила DiDi Neuron. Целта на оваа компанија е да ги пушти своите возила да се возат како такси возила по примерот на Uber. Сегашните возила се направени да може возачот да го преземе воланот во секој случај, но тоа во иднина нема да биде потребно.