Samsung ќе подрани годинава со преклопните смартфони

Објавено на 25.04.2023 во Преклопни уреди



Samsung ќе подрани годинава со преклопните смартфони

Samsung е лидер на пазарот на смартфони со преклопни екрани. Јужнокорејската компанија планира да ги претстави следните Z Fold и Z Flip, а сега конечно знаеме и кога да ги очекуваме.

Samsung во текот на минатите години во август ги откриваше преклопните телефони, на овој пат Unpacked конференцијата ќе се одржи кон крајот на јули. Се спомнуваат датите од 25 до 27 јули. На таа конференција Samsung ќе ги претстави новите генерации на Galaxy Z Fold 5 и Z Flip 5, а очекуваме и нов модел на Galaxy Watch, таблетот Galaxy Tab S9 и нови Buds