Претпродажба на Самсунг телевизорите со извонредни подароци

Објавено на 09.05.2023 во Новости



Претпродажба на Самсунг телевизорите со извонредни подароци

Самсунг на македонскиот пазар ја претставува новата димензија на искуството со OLED телевизорите за што подготви специјална понуда за преднарачки. Доколку направите преднарачка на 195 cm (77") S95C OLED 4K HDR Smart TV (2023 ), Самсунг овозможува заштеда од 19.000 денари и подарок по ваш избор. Можете да изберете од пакетот „Freestyle“, кој вклучува Freestyle“ пренослив проектор, торбичка и футрола за него, или звучник Soundbar HW-Q990B.

Телевизорот 195 cm (77") S95C OLED 4K HDR Smart TV (2023) беше оценет од страна на публикацијата Tech Review и ја доби етикетата „Избор на уредникот" (Editor’s choice). Новинарот Џон Арчер, меѓу другото за него напиша: „Убедливо најатрактивната карактеристика на S95C е тоа што ја воведува втората генерација на Quantum Dot OLED панелот на Samsung. Врв на сé е приближно 40% дополнителната осветленост што ја постигнува. Во исто време, S95C е исклучително добар монитор за гејминг. Во однос на квалитетот на сликата, неговата нова осветленост, опсег на бои, острина и детали се одлични партнери за острата и динамична 4K HDR графика која е сè почеста во модерните игри, што ги прави вашите омилени светови на игри уште поинтензивни и попривлечни. Телевизорот е навистина спектакуларен“.

д

Запознајте го премиум телевизорот со извонредна големина

Втората генерација на Samsung OLED телевизори донесува исклучително доживување при гледањето. Брилијантниот квалитет на 4K слика е надополнет со 20 различни невронски мрежи кои гарантираат дека навистина ја чувствувате моќта на 4K резолуцијата. Иновативната Samsung OLED технологија ги овозможува најтемните длабоки црни, најчистите бели и сите нијанси на бои со помош на најнапредните самоосветлени пиксели напојувани со квантни точки. Сето ова се случува на импресивните 195 сантиметри (77 инчи) на овој премиум телевизор. Дури и звукот не заостанува зад сликата, бидејќи искуството на Dolby Atmos со звучниците на горниот канал овозможуваат повеќедимензионален звук што го доведува гледачот во центарот на дејството.

Телевизорот може да се пофали и со исклучително елегантен дизајн. Прекрасниот бесконечен дизајн со тенок профил го подигнува доживувањето на гледањето на следното ниво.