Apple го спрема најмоќниот M-чип досега: M3 ќе биде со одлични перформанси

Објавено на 16.05.2023 во iOs



Apple го спрема најмоќниот M-чип досега: M3 ќе биде со одлични перформанси

Apple моментално го тестира M3 чипот, кој пристигнува со подобрени перформанси, најмногу со самото додавање на повеќе јадра на CPU и GPU. Новата надградба воедно е најголема кај било кој чип од M-серијата на Apple. 

Apple M3 чипот би требало да биде многу подобар од претходната M2 серија, вклучувајќи ги нејзините појачани верзии M2 Pro и M2 Max. Се претпоставува дека тој чип ќе биде изработен со 3нм процес на производство и затоа се очекува да биде со подобри перформанси. Apple M3 се очекува да пристигне со 12-јадрен процесор и 18-јадрена графичка картичка и 36GB RAM. Самата работна RAM меморија на чипот е подобра во споредба со верзијата на M2 Pro. 

Досегашните тестирања демонстрираат дека главниот процесор на чипот е составен од шест високо ефикасни јадра, кои се задолжени за задачите што не е потребна многу моќност.