YouTube го отвара Community tab да биде достапен за сите креатори на видеа!

Објавено на 22.05.2023 во Новости



YouTube го отвара Community tab да биде достапен за сите креатори на видеа!

Community tab на YouTube отсега ќе биде отворен за сите креатори, без разлика на бројот на претплатници. Претходно оваа опција беше достапна само за креатори со над 500 претплатници.

Со најновите промени во политиката на компанијата, сега сите креатори на YouTube содржини ќе може да уживаат во овие бенефиции. YouTube официјално ја објави новата вест преку help community центароти, со што се охрабруваат сите креатори да ја искористат оваа ексклузивна алатка, со цел да формираат поблиски односи со нивните следбеници. 

Community Posts е одличен начин за да се поврзете со вашите претплатници и да добиете повратна информација за вашата содржина. Одличен начин за промоција на нови видеа и проекти. Новата промена е достапна во опциите на YouTube Studio Settings => Channel => Feature eligibility => Intermediate features => Verify phone number. Кога ќе го верификувате вашиот телефонски број, тогаш се регистрирате за вашите напредни алатки.