Google ќе претстави хибриден уред - преклопен телефон/таблет
![Google ќе претстави хибриден уред - преклопен телефон/таблет](https://telefoni.mk/sliki/Image/sliki_novosti/large/2023/07/google_ke_pretstavi_hibriden_u530x290_300723_182816.jpg)
Флексибилните телефони имаат мал удел во продажбата со смартфони, што не е никакво изненадување, затоа што станува збор за прилично скап уред чиј квалитет кај дел од корисниците и понатаму е скептичен, а нивната продажба е во константен пораст.
Речиси сите најголеми мобилни компании веќе ги претставиле своите преклопни телефони, но на списокот го нема Apple. Компанијата на Кук, според бројни гласини, размислува и во друга насока, односно нивниот прв уред со преклопен екран би можел да биде iPad или Mac, иако не треба да се исклучи можноста за iPhone Fold/Flip.
Google исто така планира да претстави хибриден уред што ќе биде нешто како флексибилен смартфон/таблет. Lenovo веќе го има хибридниот уред ThinkPad X1 Fold и Asus го има Zenbook 17 Fold, кои се со Windows оперативен систем, така што Google очекуваме да го претстави првиот хибриден уред со Android.