Samsung Galaxy S22 Ultra: Спектакуларен чекор во технологијата на смартфоните

Објавено на 26.02.2022 07:38 во Рецензија


Samsung Galaxy S22 Ultra: Спектакуларен чекор во технологијата на смартфоните

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ S Pen;
+ Моќни и брзи перформанси;
+ Напредни сензори за камерата;
+ Брзо полнење;
+ Достојна замена за Note линијата;
+ Неодолив дизајн;

 

Negatives:



Целата рецензија

Ако сте во потрага по уникатно мобилно искуство, Samsung Galaxy S22 Ultra го спојува најдоброто: функционалноста на Galaxy Note серијата со најквалитетното од S серијата. Заборавете на класичните фотоапарати - револуционерната предна и задна камера на Galaxy S22 Ultra, благодарение на Nightography опцијата, овозможува снимање на јасни видеа, независно од надворешната светлост. 

Со помош на вештачката интелигенција, камерите на Galaxy S22 серијата може да го фатат и најситниот детал. Дури и во мрак. Super Clear Glass леќата ќе ги претвори вашите ноќни видеа во остри фото материјали, а Auto Framing технологијата автоматски ги фокусира лицата во текот на снимањето, независно од тоа дали се снима една личност или десет.

Galaxy S22 Ultra е најмодерниот Samsung смартфон досега. Имплементираниот 4нм процесор е епски скок за технологијата на смартфоните и досега е најбрзиот и најмоќниот чип што Samsung го имплементирал во смартфоните.

Samsung скокна во предизвик на целодневна потреба на користење на смартфоните, заштедувајќи ја батеријата што интелигентно го прилагодува начинот на кој што го користиме телефонот, така што ќе трае подолго од 24 часа. Со цел да останеме поврзани во секој момент, Galaxy S22 Ultra нуди и опција со супер брзо полнење со специјален адаптер од 45W за батеријата со капацитет од 5000mAh. Со такво полнење, за 10 минути може да го полните телефонот што ќе ви истрае за да снимате 50 минути без престан.

Ultra засекогаш го менува начинот на кој што ги водите белешките

Ако барате технолошко решение што ќе ви овозможи да ги водите вашите лични белешки на функционален начин, Samsung ви нуди се што ви треба. Заштитниот знак на Note линијата, S Pen стилусот е пософистициран и за прв пат се вградува во Galaxy S серијата.

Со тоа пишувањето и цртањето со Galaxy S22 Ultra е полесно, а неверојатното чувство што ќе го добиете како да пишувате или цртате на хартија го прави ова непроценливо искуство. Новиот S Pen стилус има 70% помала латентност за природно чувство на пишување и цртање на големиот екран за смартфони, како и за подобрено користење и истражување на апликациите.

Модерната верзија на S Pen стилусот овозможува за секого по нешто. Во комбинација со Samsung Notes апликацијата се обезбедува синхронизација на задачите и to-do список со сите поврзани уреди, пишување на дигиталните белешки е поприродно од било кога, при што вашиот Galaxy S22 мобилен уред може да се поврза со поголемиот екран на Tab S8 преку Samsung Notes апликацијата. 

S Pen стилусот го обединува она најдоброто од Note серијата со уникатен пристап кон креативноста и продуктивноста. На оние со изразен креативен дух ќе им се допадне ефикасниот пристап за уредување на слики и видеа преку неколку поврзани уреди, а S Pen стилусот значително ќе го олесни создавањето на нови уметнички дела.

Одржлива иднина е на прво место

Samsung уште еднаш докажа дека еколошката свест оди рамо до рамо со визуелната привлечност. Секој Galaxy S22 Ultra смартфон е делумно изработен од пренаменета пластика. Овој материјал се наоѓа во внатрешниот дел на S Pen стилусот, содржи 20% рециклирана пластика од отфрлени рибарски мрежи, а од друга страна, благодарение на дизајнот со незабележливите интегрирани леќи на камерата и префинетата метална рамка, Galaxy S22 Ultra е најелегантниот Samsung мобилен уред. Матираната завршна обработка од стакло во комбинација со острите агли карактеристични за Galaxy Note уредите, овозможува префинетост на компактниот дизајн на Galaxy S22 Ultra смартфоните. Доаѓа во четири бои инспирирани од природата: фантомски црна, фантомски бела, зелена и темно црвена боја.

Во денешниот свет, вашиот смартфон ви е главен соработник. Galaxy S22 е дизајниран за да ги задоволи сите ваши потреби, независно од животните навики, хоби и кариерата.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.