Два храбри млади брачни пара постигнаа успех: Паметни очила за глуви и едукативна апликација за деца

Објавено на 21.03.2022 12:28 во Рецензија


Два храбри млади брачни пара постигнаа успех: Паметни очила за глуви и едукативна апликација за деца

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Нова напредна технологија што многу ќе им помогне на глувите лица со смарт очила;
+ Едукативните игри за деца помагаат децата да се развиваат правилно во текот на растењето;

 

Negatives:



Целата рецензија

Сопружниците Бенцек почнале со претприемништво пред две години и тоа во светот на видео игрите. Зад нив стојат 1000 часови со едукација во инкубаторот. Од нивната гејминг лабораторија излегуваат видеа и мобилни игри, а освоиле низа награди за смарт очила, наменети за глувите и лицата со оштетен слух. 

„Се што јас ќе кажам, тие го испишуваат на стаклата на очилата“, објаснува Кристијан Бенцек.

Понекогаш и самите учесници ги учат нив што сакаат да работат, исто како што и учениците се запознаени со нивните цели. Засега нивниот тим се зголемува на десетина луѓе, со што планираат проширување. 

Соседите на Бенцек се вториот претприемнички пар, фамилијата Ведрина. Не само што учеле заедно во бизнис инкубаторот, туку таму и се вљубиле. Изработуваат видео игри, 3D проекции и различни апликации.

„После завршувањето на едукацијата, планирав да се вратам на факултет, но овде беа предобри, што ќе го пропуштев доколку се вратев на формалното образование“, признава Стефан Ведрина.

„Мојата жена заврши вајарство и всушност преминала од практично вајарство на дигитално“, објаснува Стефан. 

Двајцата го споиле, она што за многумина би било неспоиво. Вниманието на инвеститорите го привлекле со едукативна апликација за деца. 

„Апсолутно учат се - од препознавање на обликот на боите, развивање на моторни вештини, еколошки прифатливо однесување, чистење за себе, за другите, букви и бројки“, додава Стефан. 

Организацијата, упорноста и креативноста, се дел од нештата со кои што младите парови стигнале дотаму и да се занимаваат со тоа што го сакаат вистински. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.