Huawei, Orange и GSMA: Колку е всушност 5G технологијата енергетски ефикасна

Објавено на 23.03.2022 19:31 во Рецензија


Huawei, Orange и GSMA: Колку е всушност 5G технологијата енергетски ефикасна

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Експертите главно се согласуваат дека 5G интернетот е енергетски ефикасен и уште повеќе ќе биде допрва;
+ Истражувања покажуваат дека 5G ќе придонесе кон нула јаглеродни емисии во воздухот;
+ 5G овозможува екстремно брз интернет и брза обработка на податоци;

 

Negatives:



Целата рецензија

Технолошката индустрија долго се обидува да се усогласи со зелените движења, иако нејзините челници често се обвинуваат за нечисти слогани. Huawei, Orange и GSMA организацијата што ги претставува операторите на мобилните мрежи се обидуваат да разјаснат некои од „зелените претпоставки“ за 5G.

Новата генерација на мобилна мрежа се воведува во цел свет, а ветувањата за супер брз интернет е рака под рака со претпоставките за големите предности за околината. Лоренс Вилијамс од Универзитетот Сасекс, Велика Британија, неодамна направил истражување, проценувајќи дека имаме достапни докази за наводно зелените предности на 5G. Тој за AFP изјавил дека зелената ефикасност има смисла.

Дали 5G ќе биде енергетски поефикасен?

Жан-Мари Шофреј од Orange ги поздравува решенијата што штедат енергија како што се опциите за мирување, при што компонентите се исклучуваат кога не се користат, исто како и антените и хардверот. Вели дека за MWC, 5G ќе биде „10 пати поефикасен“ од 4G до 2025 година.

Мобилниот сообраќај ќе продолжи нагло да расте во следните години и се повеќе се признава дека 5G делумно ќе биде причината за тој раст на интернет сообраќајот. Индустријата објави различни проценки, некои претпоставуваат дека потрошувачката на енергија на мрежата ќе опадне, додека за други би можела да остане иста, и трети велат дека потрошувачката на енергија може да порасне од 5G технологијата.

Истражување од Финска проценува дека потрошувачката на електрична енергија во главните мобилни мрежи во 2017 година била отприлика за 10% поголема во споредба со 2010 година. Авторите образложуваат дека тоа се случило поради брзо растечкиот волумен на податоци и новите функции, особено видео стримингот.

Ќе помогне ли 5G во целта за нула-јаглерод?

Емануел Колта од GSMA се пофали дека телекомуникациските компании се меѓу водечките компании во приватниот сектор според целите за постигнување на нула емисија на јаглерод во воздухот. Тој вели деказа да се постигне оваа цел се користат обновливи енергии, ефикасни батерии и вештачка интелигенција.

Имаме ли голема заштеда на енергија со 5G?

Дуан Хао од Huawei ја истакнува важноста од таканаречениот ефект на овозможување, за кој што вели дека би ја забрзал дигитализацијата и декарбонизацијата во сите индустрии. Идејата е дека ќе имаме подобра поврзаност и ќе се овозможат повеќе услуги и активности да преминат на интернет, намалувајќи ја потрошувачката на енергија на транспортот и другите индустрии.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.