Користите ли WhatsApp? Трикови што ќе ви го олеснат ракувањето

Објавено на 27.03.2022 08:33 во Рецензија


Користите ли WhatsApp? Трикови што ќе ви го олеснат ракувањето

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Низа алатки што ќе ви помогнат да ги зачувате вашите податоци, да повратите нешто што е изгубено, да архивирате, да испраќате самоуништувачки пораки;

 

Negatives:



Целата рецензија

WhatsApp постојано експериментира со нови опции и се обидува да го подобри искуството за користење на две милијарди луѓе што ја користат платформата. За корисниците се достапни различни опции со кои што може да се прилагоди WhatsApp кон својот начин на користење, но многумина од нив не се информирани за сите опции што може да се користат. 

Пораки што исчезнуваат - ако ја активирате оваа опција, пораките од разговорите со корисниците сами исчезнуваат после седум дена, без потреба за нивно бришење. Оваа функција се активира посебно со секој корисник што разговарате. Треба да кликнете на неговото име, потоа на „пораки што исчезнуваат“ и да означите „вклучено“. Достапна е исто така и опција за самоуништувачки пораки што исчезнуваат после отварањето на содржината, а WhatsApp ја тестира и можноста за бришење после 24 часа и 90 дена.

Архивирање на разговори - доволно е само да го повлечете разговорот (оној што сакате да го архивирате) кон лево и тој ќе исчезне од главниот екран на разговорите. Ова е прилично корисна опција за оние што имаат многу групи или поединечни разговори и сакаат да се ослободат од главниот екран, но не и да ги избришаат. Ако архивираните разговори сакате да ги вратите назад, кликнете на опцијата за архивираните разговори што се наоѓаат на врвот на екранот. Тука ќе се отвори список со архивирани разговори - потег со левиот прст преку разговорите ја отвара опцијата за деархивирање, односно тука може да го исчистите разговорот или целосно да го избришете.

Backup - за бекапирање на разговори треба да одите на Поставки/Разговори/Безбедносна копија од разговорите. Може да вклучите автоматско меморирање или сами да направите копија, но WhatsApp ќе ве предупреди дека безбедносните копии не се заштитени со end-to-end енкрипција или пак се во Google или Apple облакот, каде што се бекапираат.

Алатки за блокирање - доволно е да ги отворите алатките во контактот и да кликнете на Block Contact или истото може да го направите и кај Поставки/Профил/Приватност/Блокирани и тука да кликнете „Додади нов“. На истиот начин преку поставките може да ги одблокирате и другите лица ако се предомислите.

Префрлање од Android на iPhone - WhatsApp неодамна ја овозможи оваа опција, но на почетокот само кај одредени Samsung уреди и се надеваме дека истата опција наскоро ќе биде достапна и на други телефони. Содржината може да се префрли само кога смартфонот со Android е поврзан со кабел со iPhone, при што само префрлањето се извршува преку QR код.

Безбедност - под Поставки/Профил/Безбедност активирајте ја опцијата за верификација во два чекора, која што бара и PIN при повторна регистрација на вашиот број телефон на WhatsApp. iPhone корисниците може да го активираат FaceID секој пат со отварањето на WhatsApp.

Извештај за профилот - во Поставки/Профил/Пребарувај може да побарате извештај за својот профил на WhatsApp. Тој извештај содржи детали и поставки со кои што може да се пристапи кон други апликации или да се префрли на неа, но тој не содржи и разговори, испратените и примените пораки од WhatsApp.

Поставки за приватност - по автоматизам, WhatsApp со лицата со кои што комуницирате споделува повеќе информации како што се на пример: дали ги прочитавте пораките, кога последен пат сте ги виделе, и така натаму. Сите тие опции може да се подесат под опциите за приватност, но сметајте дека ако ја исклучите опцијата за потврда за читањето, со цел другите да не знаат дали сте ги виделе пораките, ниту вие ќе може да знаете дали другите лица ги прочитале пораките што сте ги испратиле. Исто така, треба да се нагласи дека потврди за читањето секогаш се испраќаат за групни разговори.

Додавањето во листата на контакти преку QR код - со клик врз опцијата за скенирање што се наоѓа покрај вашето име, се отвара и QR кодот на вашиот контакт, под кого се наоѓа опцијата скенирај, со која што се активира читачот на QR кодови. Со скенирањето на кодот на другите корисници се отвара и опцијата за додавање на контакти.

Управувањето со алатките за меморирање и автоматско преземање на содржината, по автоматизам, WhatsApp ги снима сите фотографии од разговорот во фотографиите снимени со вашата камера, со што се троши меморијата. Под опциите Меморирање и дата сообраќај лесно може да го исклучите автоматското преземање на датотеките и општо да управувате со меморијата на податоците.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.