Како можете да ја прочитате пораката што ви ја пратија/избришаа

Објавено на 28.04.2022 12:00 во Рецензија


Како можете да ја прочитате пораката што ви ја пратија/избришаа

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Бесплатни апликации за да имате увид во избришаните пораки;

 

Negatives:

- Избришаните пораки можеби би биле премногу приватни и експлицитни, а да се наменети за друг корисник;



Целата рецензија

Колку пати ви се случило да бидете во брзање и на погрешната личност да сте ја испратиле пораката и потоа да сте ја избришале, во надеж дека погрешната личност не ја прочитала таа порака на брзина. 

Што ако вие сте од другата страна и го гледате известувањето дека некој ви пишал порака од популарните апликации за допишување, а потоа ја избришал. Колку пати сте посакале да го прочитате она што ви било испратено.

Апликациите тврдат дека е невозможно да прочитате избришана порака, но тоа не значи дека не можете сепак да ја најдете. Ќе ви треба само некоја од следните апликации што ќе ви ги образложиме одоздола, за Android смартфон. Се разбира, мора да активирате некои опции, со цел да ви излезат известувањата на вашиот смартфон.

Notification History е бесплатна апликација, која што ги памти сите известувања што стигнуваат на вашиот телефон. Со избирање на менито, можете да ги погледнете денешните известувања утре или за цела недела, а ако сте спремни да платите 4,49 долари за да се ослободите од рекламите, може да видите и повеќе информации.

Recent Notification е исто така популарна апликација за враќање на избришаните известувања. Ви овозможува преглед на известувањата според времето, а може и да креирате омилени групи на апликации.

Notification Log е една од наједноставните апликации за употреба. Нема премногу опции, но сепак ќе ви послужи за вашата цел. Можете дури и да ги меморирате известувањата во списокот, но и да ги избришете кога не ви требаат.

Notisave апликацијата е слична, со едноставен изглед, ви ги прикажува известувањата од апликациите со социјалните мрежи. Тие ќе ви покажат известување за порака и ќе ви забележат кој ви ја испратил.

Заклучок

Сите овие апликации се бесплатни за користење и имаат реклами во нив, кои знаат да бидат здодевни и да ви пречат. Ако не сакате реклами, имате опција за минимална доплата со цел да немате реклами. Ако не сакате да го пренатрупувате вашиот смартфон со нови апликации, секогаш можете да ја прашате личноста што ви ја испратила пораката за што се работи. Понекогаш може да се случи и грешка.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.