Samsung Galaxy A13: Евтин смартфон со Knox, долга батерија и одлична камера

Објавено на 29.04.2022 07:30 во Рецензија


Samsung Galaxy A13: Евтин смартфон со Knox, долга батерија и одлична камера

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.3


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

+ Огромен дисплеј;
+ Супер ниска цена;
+ Солидни перформанси и покрај слабиот процесор, кој остава простор за подобра цена;
+ Одлична камера;
+ Најновиот софтвер;
+ Допадлив дизајн;
+ Долготрајна батерија;
+ Голема меморија;

 

Negatives:

- Бавно полнење;



Целата рецензија

SAMSUNG Galaxy A13 е еден од најевтините верзии од Galaxy A фамилијата. Се работи за 4G верзија на смартфон, која е нов модел, а пуштена во продажба од неодамна. Сепак има малку подобри перформанси од Galaxy A03. Изгледот на Galaxy A13 е речиси идентичен како A13 5G, кој најверојатно не е достапен во нашата земја.

Дизајн

Samsung го подобрил дизајнот кај најевтиниот телефон во својата А-линија на смартфони. Новиот Galaxy A13 има сличен изглед како Galaxy A32 во задниот модул на камерата, само што има поголем екран. A13 има едноставна конструкција на дизајнот, пластика што сјае, што дава одличен изглед. Дефинитивно е допадлив смартфон. Достапен е во црна, бела, портокалова и сина варијанта. Браво за дизајнот, навистина е одличен. 

Дисплеј

Samsung Galaxy A13 пристигнува со огромен екран од 6.6-инчи, резолуција од 1080 x 2408 пиксели и густина на пиксели од 400ppi . Панелот се идентификува како SyncMaster 8224 - PLS TFT LCD панел, што е основната верзија на IPS технологијата. Екранот се гледа супер. Технолошките гикови не би биле задоволни од перформансите на дисплејот на Galaxy A13, но кога знаеме дека овој модел чини само 200 евра, дефинитивно би го препорачале за луѓето што им е потребен за секојдневни задачи. Има доволно ниво на светлост од 500 нити за да може да го гледате на силна сончева светлина без да се мачите. Точноста на боите е исто така на задоволително ниво. 

Батерија

Samsung Galaxy A13 има огромна батерија од 5,000mAh, што значи дека ќе ви трае долго време. Со оглед на тоа што има и Exynos 850 процесор, кој не троши многу ресурси, значи дека батеријата ќе заборавите кога сте ја полнеле. При тестирањето, експертите потврдуваат дека со една батерија телефонот издржува до 114 часа. Полнењето на батеријата е со 15W полнач, што значи дека нема да биде многу брзо, но за ваков модел на смартфон и ваков ценовен ранг е одлична варијанта.

Софтвер

One UI 4.1 кориснички интерфејс, на база на Android 12 софтвер е најновата верзија на оперативен систем. Ова е одлична вест за телефон од поевтината класа на Samsung, зар не? Овде го имаме достапен Samsung Pay сервисот (GPay), Easy Mode, Bixby асистентот, Windows Link сервисот и Good Lock апликацијата за напредни модификации. Secure Folder овде го немаме, но го има Knox, кој стои дури на рекламите на официјалната веб страница за заштита од вируси и слични закани. 

Имаме Game Booster, Samsung Smart Widgets, Edge Panels и Object Eraser во апликацијата за галеријата. Штета што Galaxy A13 нема поддршка за Always-on Display, но тоа и не е толку страшно. При заклучен екран имате две кратенки: Слушалката за јавување и Камерата, за кои што може да одберете и други апликации, што значи дека ова е плус во делот за модифицирање на телефонот по сопствен вкус. Отклучувањето на екранот со странично лоцираниот сензор за отпечатоци на прсти е секогаш брзо и точно. Уште еден голем плус за софтверот. 

Хардвер

Моќта не е најдобрата страна кај овој смартфон, , но сепак Samsung Exynos 850 процесорот ќе ви врши добра работа. Чипот е производство од 2020 година, изработен преку ефикасниот 8нм LPP процес, но дефинитивно нема да имате проблеми со телефонот. Ќе функционира со мали задоцнувања, кои не се проблематични, туку се работи за задоцнување со дел од секундата. Со овој чипсет имаме 8 јадра од Cortex-A55 со 2.0GHz.

Ова е една од подобрите верзии со 4GB LPDDR4X RAM меморија и 128GB of eMMC 5.1 внатрешна меморија, а го има и во верзии со 6GB RAM. Графиката функционира со Mali-G52 графичката картичка, која исто така не е една од најпозитивните нешта кај овој телефон, но повторно ќе спомнеме дека благодарение на ваквата графика и процесор, телефонот може да го набавите за одлична цена. 

Камера

Galaxy A13 има главен сензор на камера од 50MP со широчина на бленда од f/1.8 и PDAF. Ултрашироката камера е со сензор од 5MP 1/5" (1.12µm) и f/2.2, 123-степени, и потоа ги имаме двата суплементарни сензори од 2MP, f/2.4, од кои едниот е за макро фотки, а другиот е за длабочински детали во портрет режимот. Предната камера има резолуција од 8MP f/2.2 со фиксиран фокус, кој изгледа идентично како минатогодишниот Galaxy A12 и Galaxy A23. 

Апликацијата на камерата е добра и лесна за користење, со тоа што кога лизгате со прстот кон лево или десно, може да ги менувате сите достапни режими, додека лизгањето од долу кон нагоре или обратно е да ги менувате селфи камерата и задната камера. Ова е многу корисна можност.

Општо кажано, благодарение на главната камера од 50MP, и pixel binning технологијата, фотографиите се одлични. Селфи камерата од 8MP има исто така солидни слики, боите се многу прецизни, исто како главната камера. И покрај тоа што кај предната камера нема автофокус, деталите се дефинитивно одлични и нема простор за револт. 

Заклучок

Samsung Galaxy A13 е дефинитивно модел што може да го купите во малопродажните салони за 200 евра, или поевтино, во зависност од тоа која верзија ја посакувате: 4GB+128GB, 4GB+64GB или 3GB+32GB, чија цена може да падне и до 160 евра. Гледајќи го овој евтин модел, дефинитивно ни се допаѓа со неговиот фантастичен дизајн, голем екран и огромна батерија. Што велите вие? 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.