HTC Desire 22 Pro е првиот „Metaverse Phone“ за сите крипто-ентузијасти

Објавено на 29.06.2022 09:35 во Рецензија


HTC Desire 22 Pro е првиот „Metaverse Phone“ за сите крипто-ентузијасти

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Ценовно прифатлив смартфон;
+ Крипто опции за сите што чуваат криптовалути;
+ Гратис NFT токени;
+ Голем екран;
+ Нов софтвер;
+ Крипто паричник;
+ Добри перформанси;
+ IP67 сертификат за водоотпорност и отпорност од прашина;

 

Negatives:



Целата рецензија

HTC е една од компаниите што веруваат дека во иднина ќе минуваме многу време во виртуелните светови. Meta и Марк Цукерберг се повеќе ги активираат и надворешните компании да се ангажираат во метавселената.

HTC веќе има уреди за виртуелна реалност во својата понуда, а сега ја претставија и сопствената верзија за виртуелен свет Viverse.

Metaverse телефонот“ што беше најавен пред неколку месеци пристигна. Станува збор за смартфон од средната класа, кој чини околу 460 евра.

HTC Desire 22 Pro е произведен во партнерство со Vive Flow VR, за кого спомнуваат дека има слична функционалност за поврзување, како и останатите телефони што ги придвижува Android, па така не е јасно во што е разликата. 

Она по што се издвојува HTC Desire 22 Pro од конкуренцијата се опциите поврзани со NFT. Со телефонот имате дигитален паричник за меморирање и управување со крипто-имотот. Најважно е тоа што со телефонот добивате и бесплатни NFT токени. Се уште останува непознато дали NFT ќе добијат сите купувачи на овој смартфон или таа опција ќе ја има само за одредени пазари.

Спецификации

Desire 22 Pro пристигнува со голем 6,6-инчен екран со фреквенција на освежување од 120Hz, има тројна задна камера,со главен сензор од 64MP, 13MP ултра-широк сензор и 5MP сензор за длабочина. Селфи камерата изнесува 32MP и отвор на бленда од F/2.0. Сензорот за отпечатоци на прсти е странично поставен.

Под хауба има 8-јадрен Snapdragon 695 процесор, кој што се состои од 2x2.2 GHz Kryo 660 Gold и 6x1.7 GHz Kryo 660 Silver, 8GB RAM меморија, 128GB внатрешна меморија, Android 12 оперативен систем и IP67 сертификат за водоотпорност и отпорност од прашина.

Батеријата има капацитет од 4520mAh, има брзина на полнење од 18W и можност за безжично полнење и реверзибилно полнење.

Заклучок

HTC Desire 22 Pro официјално излегува во јули следниот месец, од кого се очекува да биде вистински бум на пазарот, со оглед на тоа што не е скап и сите крипто ентузијасти ќе посакаат да го имаат во својот џеб.

Крипто опциите се она што ќе ги привлече корисниците на крипто берзите. Што велите вие, ве привлекува ли оваа понуда? 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.