Xiaomi Redmi 9A: Крал на евтините смартфони

Објавено на 18.11.2022 09:57 во Рецензија


Xiaomi Redmi 9A: Крал на евтините смартфони

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.2


Цена
10.0


Камера
9.2


резултат
9.6


Наши забелешки

Positives:

+ Нов кориснички интерфејс;
+ Голем дисплеј;
+ Ниска цена;
+ Мрачен и светол режим - мануелно и автоматско подесување;
+ Солидни перформанси и добар процесор;
+ Голема батерија;

 

Negatives:

- Нема Corning Gorilla Glass заштита на екранот;
- Слаба камера;
- Бавно полнење



Целата рецензија

Xiaomi е еден од првите брендови што секогаш имаат буџетски смартфон до 100 евра, па и помалку. Redmi серијата секогаш е на листата на многу купувачи, а Xiaomi Redmi 9A е еден од нив. Xiaomi Redmi 9A е речиси како Redmi 9C.

Дисплеј

Xiaomi Redmi 9A располага со 6.53-инчен IPS DotDrop дисплеј со HD+ резолуција (1600 x 720) со мал засек од горната страна со 13MP предна камера. Нема Corning Gorilla Glass заштита на екранот, но не е страшно. Максималната светлост на екранот изнесува 400 нити со автоматско подесување. Има и режим за сончева светлина - Sunlight Mode, кој што ја подесува светлоста за да ја зголеми кога автоматското подесување е исклучено. Автоматското подесување е за мрачни и за светли места, а Sunlight Mode е добар за употреба кога имате премногу светол амбиент. Имате и Режим за читање, Шема на бои, и Мрачен режим.

Софтвер

Xiaomi Redmi 9A има MIUI 12 кориснички интерфејс, кој што се базира на Android 10 оперативен систем. Redmi 9 е со MIUI 11 кориснички интерфејс, така што има подобрување кај новата верзија. MIUI 12 има неколку нови UI, визуелни и други подобрувања во споредба со претходната верзија. Има нови анимации, нови позадини, нови гестикулации, подобрен мрачен режим, подобрена безбедност и приватност и друго.

Хардвер

Xiaomi Redmi 9A има MediaTek Helio G25 процесор за гејминг, но Helio G25 е само пренаменет MediaTek Helio P22, освен тоа што сега има HyperEngine Technolgy, што според MediaTek, подобро го оптимизира телефонот и му дава подобри перформанси. Се разбира, не може со него да играте којзнае какви игри и да добиете екстравагантна графика, туку може да играте нешто што не бара моќни перформанси.

8-јадрениот Cortex-A53 процесор со 2GHz и PowerVR GE8320 графика, 2GB RAM меморија и 32GB внатрешна меморија е нешто што дава добри резултати. Може на пример да ги играте Mobile Legends и Call of Duty, но ќе имате и малку кочење. 

Камера

Redmi 9A располага со двојна задна камера од 13MP f/2.2 со LED блиц, додека предната селфи камера е со 5MP f/2.2 за да о безбеди селфи фотографии и видео повици. Со фотографијата нема да бидете воодушевени, но сепак ќе може да направите спомени со вашите најблиски, да сликате и да фотографирате, зависи каков тип на корисник сте.

Батерија

Имате во пакет полнач од 10W и MicroUSB кабел, без слушалки и футрола. Xiaomi Redmi 9A има масивна батерија од 5,000mAh, која е иста колку Redmi 9C. За да ја наполните батеријата ви се потребни 3 часа од 0-100%. 

Заклучок

Xiaomi Redmi 9A има спецификации што ги покриваат сите основни потреби на корисниците, со добар квалитет во перформансите и дизајнот, има огромен дисплеј со HD резолуција, за видео повици или учење од дома, добар софтвер и голема батерија.

Затоа би можеле да го прогласиме за кралот на евтините смартфони, достапен за сечиј џеб.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.