Xiaomi 12: Моќност, брзина и елеганција на прв поглед

Објавено на 20.11.2022 18:31 во Рецензија


Xiaomi 12: Моќност, брзина и елеганција на прв поглед

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Голем дисплеј;
+ Елегантен дизајн;
+ Corning Gorilla Glass Victus заштитно стакло;
+ 120Hz дисплеј;
+ Моќни перформанси;
+ Иновативен систем за ладење;
+ Софтверски алатки за зголемена автономија на батеријата;
+ Моќна камера;
+ Екстра брзо полнење на батеријата со кабел;
+ Опција за безжично и реверзибилно полнење;
+ Супер цена;

 

Negatives:

- Нема сертификат за водоотпорност;



Целата рецензија

Xiaomi телефоните се познати по тоа што се најисплатливи на пазарот, со моќни перформанси и квалитет. Xiaomi 12 е сега достапен и во Македонија, иако беше одамна претставен во Кина, наменет само за азиски пазар. Xiaomi 12 се одликува со моќни перформанси и супер цена. Ајде да го погледнеме подетално. 

Дизајн

Полнокрвен елитен смартфон со врвни перформанси, елегантна линија и атрактивен дизајн, кој е помал, потенок и полесен од својот претходник. Xiaomi 12 е смартфон што ќе ве освои на прв поглед со својот атрактивен дизајн и квалитетната изработка. Има Corning Gorilla Glass Victus заштитно стакло, што му овозможува да преживее нерамни површини и падови со висина до 2 метра. 

Благодарение на Gorilla Glass Victus стаклото има 4 пати подобра заштита за гребаници од обичните заштитни стакла. Благодарение на заоблените рабови, екранот на Xiaomi 12 одлично лежи во раката и делува елегантно. 

Дисплеј

Xiaomi 12 се одликува со AMOLED дисплеј, со големина од 6.28 инчи, а околу него има многу тенки рабови, поради кои што се доаѓа повеќе до израз од неговите компактни димензии, благодарение на кои овој уред без проблем може да го собере во сечиј џеб. Раскошниот 6.28-инчен екран се краси со слика од FHD+ (2.400 x 1.080) резолуција со сооднос од 20:9, 419ppi и HDR10+ поддршка.

Видливоста на сонце е навистина одлична, благодарение на тоа што има светлост до 1.100 нити. Брзината на освежување на екранот може да се подеси на 60Hz и 120Hz. Со 60Hz се зголемува автономијата на батеријата, додека со 120Hz се добиваат пореалистични анимации, побрзо, подобро и потечно движење на ликовите или анимациите на екранот. Брзината на реагирање на допирот, т.е. „touch sampling rate“ кај овој екран изнесува 480Hz.

Хардвер

Xiaomi никогаш не ги разочарал своите корисници со перформансите на своите смартфони. Xiaomi 12 има Snapdragon 8 Gen 1 процесор под хауба, кој има за 30% подобри перформанси во споредба со претходникот, за 20% подобри CPU перформанси и 25% зголемена енергетска ефикасност. Во AI сегментот перформансите достигнуваат зголемување од дури 400%.

Xiaomi 12 има предобар систем за ладење благодарение на парната комора и повеќеслојниот графит. Компанијата тврди дека овој систем на ладење има голема VC LiquidCool плоча што вклучува VC LiquidCool материјал со дебелина од 0.3мм, со што се забрзува протокот на топлина и ефикасно ја намалува температурата на процесорот.

Xiaomi 12 пристигнува со почетна меморија од 8GB LPDDR5 работна меморија и 128GB UFS 3.1 внатрешна меморија. Ако некој сака повеќе меморија, има и модел со 8GB + 256GB меморија, додека топ понудата е со 12GB RAM + 256GB ROM меморија.

Камера

Xiaomi 12 на задната страна има примарен сензор Sony IMX766 со 50MP (1/1,56″) и отвор на бленда од f/1.88, оптичка стабилизација на сликата и големина на пиксел од 2μm. Станува збор за добар сензор, кој што освен во Xiaomi 12 серијата се најде во цела низа на смартфони, кои што спаѓаат во висока и средна класа, а некои од нив се OnePlus Nord 2 5G, HUAWEI nova 9 и Realme 9 Pro+.

Кон примарниот сензор се придружува ултра-широко аголниот OV13B10 сензор од 13MP (123°) и отвор на бленда од f/2.4, додека третата телефото макро камера пристигнува со 5MP сензор и отвор на бленда од f/2.4. Во внатрешноста на овој модул на камерата се сместува и двојниот LED блиц. Што се однесува до добиените фотографии можеме да кажеме дека количината на детали на речиси секоја слика е фантастична, со многу длабочини и живописни бои, дури и кога условите за осветлување не се идеални. Севкупно гледајќи ги добиените фотографии, изгледаат многу природно. 

Нивото на шумови во сликата е многу ниско, додека динамичкиот распон е одличен. Ултра-широко аголниот сензор од 13MP е многу способен за добри фотографии, кои што изобилуваат со детали, натпросечен динамички распон, висок контраст и живи бои со мала количина на шум. Макро камерата од 5MP со S5K5E9 сензор може да се користи на оддалеченост од 3 до 7см. 

Софтвер

Xiaomi 12 е со MIUI 13 кориснички интерфејс, базиран на Android 12. Тоа значи дека има нови спецификации за приватност, нов фонт на системот, нови позадини, а дури постои и MIUI 13 верзија оптимизирана за таблети. Xiaomi тврди дека ги подобрил своите можности за мултитаскинг на MIUI 13 интерфејсот, што била една од главните забелешки од овој интерфејс минатите години. Новиот софтвер сега овозможува држење до 14 активни апликации во позадина во било кој момент. 

Liquid Storage е спецификација, односно смарт алатка за дефрагментација што активно управува со меморираните податоци на уредот и така ги подобрува перформансите во текот на целиот животен век на уредот. Atomized memory е опција што управува со работната меморија што ја користат апликациите. Главната задача на овие апликации е што ги дели процесите на важни и неважни процеси, а потоа ги отфрла другите што го имаат важното влијание врз зголемувањето на перформансите и подобреното корисничко искуство.

Имате Focused Algorithms за динамичко доделување од ресурсите на системот врз база на сценариото за употреба и Smart Balance за продолжување на автономијата на батеријата.

Батерија

Xiaomi 12 располага со незаменлива литиумско-јонска батерија со капацитет од 4.500mAh, која со максимално вклучен екран на 120Hz, сурфање и активно седење на социјалните мрежи, ќе трае до крајот на денот. Нормално, се разбира. Брзината на полнење ќе ви го даде задоволството што брзото празнење може да ве замисли. Имате брзо полнење од 67W, безжично полнење од 50W и 10W реверзибилно полнење. Со тестирањето, откриваме дека преку кабел се полни со следните брзини:

– 30%  = 18 минути
– 50%  = 22 минути
– 75%  = 33 минути
– 100% = 50 минути

Заклучок

Xiaomi 12 не можеме да го гледаме како надградба на минатиот модел Mi 11, затоа што Xiaomi 12 Pro би можеле да го наречеме како таков. Xiaomi 12 овозможува многу клучни и значителни предводнички спецификации, како што се high-end хардверските спецификации, фантастичен екран и камери што се мерливи со најдобрите предводнички смартфони достапни на пазарот. Единствено што изостанува овде е водоотпорноста. Што велите за овој заводник?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.