Знаете ли што е микросон? Препознајте ги симптомите навремено

Објавено на 26.04.2023 19:32 во Рецензија


Знаете ли што е микросон? Препознајте ги симптомите навремено

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Микросонот бара кратко запирање на патиштата;

 

Negatives:

- Мора да се внимава кога сте зад воланот;



Целата рецензија

Ако почнете да зевате кога возите, исправете се на седиштето и внимавајте на сообраќајот , затоа што и најмалиот микросон може да предизвика голема сообраќајна несреќа. Секоја година по стотици луѓе го губат својот живот во сообраќајот на тој начин. 

Микросонот е многу краток период на сон, кој што се мери во секунди, тврдат експертите. Ако возите 100 километри на час и ги затворите очите на само две секунди, ќе поминете 56 метри на слепо, тврди германската агенција за инспекција и сигурност, TÜV.

Ви се затвараат очите, а главата прво постепено ви паѓа и потоа нагло ви паѓа и пак ја подигате. Ако имате такво искуство, тогаш веројатно веќе сте биле во микросон. 

Важно е да обрнете внимание на знаците што телото ви ги испраќа, со цел да ја избегнете таа состојба, која што на патиштата може да биде опасна по живот. 

Симптомите се често зевање, триење на очите, изненадно треперење, или често мрдање на седиштето. Експертите предупредуваат дека тоа се последните знаци после кои што би требало да застанете и да дремнете пред да продолжите со возење. Препораката е да земете пауза од 10 до 20 минути.

Ризикот за микросон е поголем кога возите во време што не е во согласност со биоритамот на вашето тело. Луѓето биолошки се најуморни од два до пет часот наутро и околу два часот попладне. 

Тој период на умор не вреди подеднакво за сите луѓе и затоа е важно да го познавате сопствениот биоритам и да не управувате со возилото кога ќе почувствувате умор. Некои луѓе се чувствуваат поуморно навечер, а на некои им треба утрото повеќе време за да се разбудат. 

Ранобудните луѓе лесно стануваат од креветот и од сабајлето се чувствуваат одморено и енергично, т.е. најчесто се поспани попладне и навечер. На таквите се препорачува попладне да одат на прошетка, со цел да бидат на свеж воздух, пред да почнат да возат.

Од друга страна, за ноќните птици потешко е да се разбудат наутро, но чувствуваат повеќе енергија попладне. Ако сте во оваа група, обезбедете си наутро доволно време за да се разбудите, со цел да бидете повнимателни и побистри кога ќе седнете зад вашиот волан. 

Без оглед на тоа кој дел од денот е, уморот е проблем што треба сериозно да се сфати. Уморот го намалува нивото на концентрација, но и можноста за брза реакција. Со тоа, важно е да се запамти дека возачите општо често ги преценуваат своите можности.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.