Видеа од YouTube ќе гледате директно во WhatsApp

Објавено на 17.07.2017 во Новости



Видеа од YouTube ќе гледате директно во WhatsApp

WhatsApp мобилната апликација за испраќање на брзи пораки доби нова надградба со која се овозможува линковите од видеата на YouTube кои ви ги испраќаат вашите контакти директно да ги прегледате во прозорчето за допишување, наместо да ја активирате посебната апликација за YouTube или интернет страната.

На овој начин може да заштедите многу време во вашата комуникација, особено ако содржината на видеото е важна за допишувањето, па ќе може директно и веднаш да одговорите. 

Надградбата засега е во тест фаза за iOs уредите, а наскоро се очекува да биде целосна лансирана и за Android.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}