Files Manager за Windows Phone е одложен
Објавено на 25.05.2014 во Windows
Microsoft најверојатно ќе го одложи промовирањето на Files Manager за Windows Phone 8.1 кој требаше да присткигне во текот на мај, но според последните информации оваа опција не е целосно откажана, туку постои голема можност да биде готова до крајот на јуни.
Со новата апликација Files за Windows Phone 8.1 корисниците ќе може да креираат фолдери, како и да менаџираат со своите фајлови, документи и мултимедијални содржини. Files ќе се користи и за менаџирање на меморијата на смартфонот или таблетот, како и за мемориската картичка, односно пренесување на фајлови на различни локации.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.