Maestro е најдобрата mail апликација за Windows Phone
Објавено на 20.03.2015 во Windows
Maestro е супер апликација за Windows Phone која излегува од бета фаза и доаѓа со нова целосно функционална верзија која значително ќе ви го олесни процесот на преглед на mail пораки и интернет комуникација.
Maestro е mail сервис кој може да го синхронизирате со различни профили, а подржани се Yahoo, Outlook и Gmail. Maestro нуди голем број на можности за организирање со различни теми за полесна визуелна прегледност, брза навигација низ пораки со лесни команди за архивирање, бришење и препраќање, како и инстант промена меѓу различни кориснички сметки.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.