ZTE подготвува елитна верзија на Nubia Z9 Max Elite

Објавено на 05.11.2015 во Новости



ZTE подготвува елитна верзија на Nubia Z9 Max Elite

ZTE најверојатно ќе лансира уште еден екстра моќен смартфон со новата верзија на ZTE Nubia Z9 Max Elite со ултимативен дизајн изработен во квалитетно метално тело со тенка рамка под 8 милиметри, дополнителна заштита на предното стакло и врвни компоненти.

Nubia Z9 Max Elite ќе пристигне со 5.5 инчен Quad HD дисплеј, ќе работи со осум-јадрен процесор, 3 GB RAM, 32 GB меморија со можност за надополнување, 16 мегапикселна главна камера и 8 мегапикселна камера за селфи, како и батерија со капацитет од 3300 mAh.