LG става крај на G серијата, што понатаму?
Објавено на 30.03.2020 во Новости
LG Mobile планира целосна промена на стратегијата во премиум класата која опфаќа ставање крај на долгодишната серија на G смартфони, па најверојатно последен во оваа низа ќе биде LG G9.
Планот на LG е во премиум класата да понуди смартфони кои се фокусираат повеќе на дизајнот, кои ќе имаат уникатен изглед со специфични елементи и функции. Една од идеите е враќање на LG Chocolate брендот кој беше популарен пред ерата на смартфоните.
Од друга страна пак, LG G9 ќе припаѓа на средната висока класа бидејќи нема да го користи најмоќниот и најскап осум-јадрен Snapdragon 865 процесор, ниту пак ќе има поддршка за 5G мобилна конекција, но ќе има доволно квалитетни компоненти.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.