Креирајте го својот А1 Combo пакет со калкулаторот на А1 Македонија

Објавено на 18.09.2020 во Новости



Креирајте го својот А1 Combo пакет со калкулаторот на А1 Македонија

Овој месец телекомуникациската компанија А1 Македонија слави 1 година постоење на пазарот под нов бренд. Како дел од роденденската понуда, корисниците добија можност самите да го креираат својот А1 Combo пакет. А1 Combo претставува пакет од комбинирани услуги - мобилни и услуги на фиксна локација, како широкопојасен интернет (за дома или канцеларија), телевизија и бесплатна фиксна линија. А1 Combo пакетот е дизајниран на принцип „комбинирај и заштеди“, што значи корисниците кои ќе се одлучат за користење мобилни и фиксни услуги во рамки на еден пакет имаат можност да си обезбедат големи заштеди на семејниот буџет. Исто така, со пакетот А1 Combo корисниците добиват повисока субвенција за набавка на опрема.

Корисниците имаат можност сами да го дизајнираат пакетот кој одговара на нивните потреби - тоа значи, доколку немаат потреба од телевизија, да креираат свој А1 Combo пакет само со интернет за дома со поголема брзина и мобилна телефонија - притоа да заштедат, затоа што им следува попуст за двете услуги. Исто така имаат можност и да ја креираат својата телевизиска шема, со каналите кои токму ним им одговараат. На веб страната постои посебна секција Креирај A1Combo каде можат да изберат услуги кои одговараат на нивните потреби, притоа да видат точно кој ќе биде месечниот надомест, месечната заштеда заради комбинирање на услугите во пакет и дополнителен попуст за нов уред - мобилен апарат или телевизор, зависно од потребите.