После лошиот квартал на Meta, Марк Цукерберг изгубил 30 милијарди долари за 1 ден

Објавено на 04.02.2022 во Новости



После лошиот квартал на Meta, Марк Цукерберг изгубил 30 милијарди долари за 1 ден

Откако Марк Цукерберг ги објави податоците од работата со Meta во последниот квартал, инвеститорите дефинитивно се исплашија, поради огромниот пад на вредноста на акциите на берзата.

Со падот на вредноста од акциите на Meta, најлошо поминал најголемиот акционер Марк Цукерберг, за кого аналитичарите зборувале дека би можел да стане првиот светски билионер. За само 24 часа неговото богатство е намалено за речиси 30 милијарди долари.