HTC 8XT и Samsung ATIV S Neo во WP 8 друштвото

Објавено на 27.06.2013 во Новости



HTC 8XT и Samsung ATIV S Neo во WP 8 друштвото

Samsung по многу долго време лансира нов смартфон со оперативен систем Windows Phone 8. Samsung ATIV S Neo e за жал само мала надградба на неговиот претходник и нема воведено голем број на новитети. HTC 8XT пак ќе биде уште еден смартфон од средната класа со WP 8.
 
 
Иако го има името Neo овој смартфон како и неговиот претходник има екран со големина од 4.8 инчи со резолуција од 720 x 1280, потоа дво-јадрен процесор со брзина од 1.4-GHz со 1GB RAM, слот за microSD картичка, батерија со капацитет од 2,000mAh и 8 мегапикселна камера.
 
 
HTC 8XT пак ќе биде смартфон со послаби карактериски како што дво-јадрен процесор Qualcomm Snadragon 400, 8 мегапикселна камера со стерeо микрофон и помал екран од 4.2 инчи со WGVA резoлуција. Двата нови WP 8 ќе бидат пуштени во продажба наредниот месец по многу ниски цени од 100 до 200 долари.




Прочитајте повеќе: