Најдоброто од Google i/o во едно видео

Објавено на 16.07.2014 во Новости



Најдоброто од Google i/o во едно видео

Интернет гигантот Google имаше одлична промоција на новиот оперативен систем Android L кој ќе донесе целосно нов дизајн и променет кориснички интерфејс со побогат изглед, а исто така претстави еден куп нови софтверски алатки како Android Auto, Android TV, Android Wear и уште многу други.
 
 
Конференцијата Google i/o е најважниот годишен настан за сите програмери на Android бидејќу тука се поставуваат сите насоки за развој во наредниот период. Најзадоволни се секако корисниците кои постојано добиваат нови и бесплатни софтверски услуги за нивниот смартфон. Google постави и посебно видео со најдобрите моменти од Google i/o 2014, а исто така може да ја погледнете и целосната презентација на официјалниот канал на YouTube.