Windows 10 со новите реклами - удира по емоции

Објавено на 20.07.2015 во Новости



Windows 10 со новите реклами - удира по емоции

Маркетинг експертите на Microsoft очигледно свртуваат нова страница во делот за рекламите. Во овие рекламни спотови за оперативниот систем Windows 10 се става акцент на децата, на кои наводно ќе им се овозможи полесен живот со Windows 10 кога ќе пораснат. Не сме сигурни дека ќе биде токму така, исто како што не сме сигурни дека децата во спотот воопшто имале шанса да видат компјутер во животот.



Поентата на приказнава е дека Windows 10 ќе биде вечен на одреден начин, затоа што Microsoft веќе нема да продуцира нови верзии на својот софтвер, барем не со други верзии во цифри. Компанијата во Редмонд е убедена дека нивниот нов OS на најмладите значително ќе им го олесни животот. „Децата ќе добијат нови и подобри работи со технолошкиот напредок“, гласи пораката од детската кампања на видеото, објавено на каналот Windows на YouTube, под името „Иднината започнува сега“. Очигледно Microsoft тактички удира по емоциите на луѓето. Што мислите вие за мешањето на децата во рекламите за новата технологија?