Nokia N1 таблетот пристигна во Европа

Објавено на 06.08.2015 во Новости



Nokia N1 таблетот пристигна во Европа

Nokia го лансира N1 таблетот во Европа преку повеќе онлајн платформи за продажба, а цената изнесува околу 300 евра што е за нијанса поскапо од цените во Азија. Фановите на Nokia од N1 може да очекуваат прилично ефикасен таблет со 7.9 инчен дисплеј со резолуција од 1536 x 2048 пиксели, како и квалитетно изработено алуминиумско тело од 6.9 милиметри.

Nokia N1 користи моќен четири-јадрен Intel Atom процесор, 2 GB RAM, 32 GB меморија, 8 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 5400 mAh што е сосема доволно за активна работа од 8 часа. Таблетот работи со новата верзија на Android Lollipop.