Лудото ривалство меѓу Swatch и Apple

Објавено на 24.08.2015 во Новости



Лудото ривалство меѓу Swatch и Apple

Сигурно ќе се зачудите која е поврзаноста меѓу луксузнипот бренд на часовниџи и најбогатата технолошка компанија на светот, но вусшност меѓу Swatch и Apple постои чудно ривалство. Swatch е во постојана дефанзива и успева да му нанесе повеќе правни битки на Apple. Уште кога се проширија гласини дека подготвува смарт часовник Swatch го патентираше името iSwatch и му се закани на Apple доколку го користат името iWatch дека ќе следи голема тужба.

Сега Swatch продолжува да ја игра „прљавата игра“ и го патентираше слоганот One More Thing кој Стив Џобс го користеше на секоја промоција за најава на вториот производ од изненадување. Swatch со овој слоган ќе го промовира нивниот нов смарт часовник Touch Zero Two кој наскоро ќе биде пуштен на пазарот. 

Swatch и останатите луксузни брендови тврдеа дека Apple не ги интересира и не се плашат од нивниот смарт часовник но, полека влегуваат во „шемата“ и се свесни дека изгубија илјадници купувачи преку ноќ.