LG Watch Urbane 2 LTE со голема фабричка грешка повлечен од продажба

Објавено на 20.11.2015 во Новости



LG Watch Urbane 2 LTE со голема фабричка грешка повлечен од продажба

LG Mobile имаше големи надежи дека ќе се наметне на пазарот на смарт часовници со елегантниот и модерен LG Watch Urbane 2 LTE но, уште при првиот ден на продажба откриена е голема фабричка грешка во софтверот која ја убива функционалноста. Затоа сите нарачки на LG Watch Urbane 2 LTE се прекинати додека не се утврди каде лежи проблемот. 

LG Watch Urbane 2 LTE е одлично дизајниран часовник со можност за воспоставување на телефонски повици и пораки и работи со Android Wear софтверот, но ќе мора да почека до повторениот пласман. 

Автор: Aleksandar Stankov