Samsung го финиширал дизајнот на Galaxy S11
Објавено на 28.10.2019 во Новости
Samsung Mobile според најновите информации веќе го финиширал дизајнот на претстојниот супер смартфон Galaxy S11 каде најголемите измени ќе бидат во отворите за камерите.
Samsung Galaxy S11 ќе има двојна селфи камера со нов подобар сензор за скенирање на лицето на корисникот и истовремено ќе зафаќа помалку простор на горната страна на Infinity Super AMOLED дисплејот.
Задната страна ќе претрпи мали измени со новата quad камера со четори сензори, а ќе се искористи најновиот осум-јадрен Exynos 990 процесор.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.