Протекоа реални слики со Samsung Galaxy S20+

Објавено на 13.01.2020 во Новости



Протекоа реални слики со Samsung Galaxy S20+

Samsung ќе има Unpacked настан на 11 февруари и очекуваме да ги видиме новите Galaxy предводници тогаш. Се уште не е официјално, но голема е веројатноста новата серија да продолжи со дваеска - Galaxy S20. Очигледно, новиот модел сака да ја одбележи новата 2020 година.

Samsung Galaxy S20+ 5G е фотографиран од предната и задната страна. Можеме да видиме како изгледа камерата на моделот, која ќе биде со 4 сензори во правоаголна форма со LED блиц и специјален сензор за микрофон.

Од предната страна Galaxy S20+ го открива екранот со заострени рабови, кои се слични со фамилијата на Galaxy S10 и Galaxy Note10. Главниот сензор ќе биде со резолуција од 108MP и 9-to-1 Bayer сензор, што може да оди до 12MP, ултра-широк сензор и телефото леќи.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
 


{}