На Google Duo ќе може да правите видео повик со дузина контакти

Објавено на 28.03.2020 во Новости



На Google Duo ќе може да правите видео повик со дузина контакти

Google Duo е една од најквалитетни апликации за воспоставување на видео повици иако се уште не ја достигнува популарноста на Skype. Сепак, во време на криза со корона вирусот и зголемен број на луѓе кои работат од дома, Google реши да го зголеми капацитетот на Duo.

Google Duo сега има за 50% поголем капацитет, односно може да воспоставите видео повик со 12 луѓе истовремено од вашите контакти или од тие кои ќе ги додадете во конференцискиот состанок на мобилната апликација. 

Новите функции на Google Duo автоматски се активирани преку серверите на Google, па така не е потребно да вршите никаква дополнителна софтверска надградба.