Lenovo Legion ќе има рекордно брзо полнење на батеријата
Објавено на 14.04.2020 во Новости
Lenovo со препознатливиот бренд Legion овој пат ќе настапи во мобилната сфера и ќе го понуди најмоќниот гејминг смартфон досега.
Според најновите информации гејмерскиот смартфон Lenovo Legion ќе има рекордно брзо полнење на батеријата со потенцијал од 90W. За потсетување актуелниот рекорд на Xiaomi Black Shark 3 изнесува 65W технологија за брзо полнење, па затоа се очекува Lenovo Legion да биде новиот шампион.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.