Нема криза за технолошките гиганти - Заработиле дополнителни 3,4 трилиони

Објавено на 04.01.2021 во Новости



Нема криза за технолошките гиганти - Заработиле дополнителни 3,4 трилиони

Технолошките гиганти од САД немаат потреба од вакцина бидејќи и во време на криза предизвикана од КОВИД-19 пандемијата нивните бизнис цветаат и бележат невиден раст во 2020 година.

Според првичните проценки големата технолошка седморка на своето конто во кризната година која измина додале неверојатни 3,400 милијарди долари, а некои од нив како Tesla за десет пати ја зголемиле својата пазарна вредност. 

Amazon, Tesla, Facebook, Apple, Google, Facebook, Nvidia се само дел од компаниите кои благодарение на зголемената употреба на интернет сервиси и дигитални решенија рушеа рекорди во нови приходи и зголемена вредност на акциите. 

Најбогат човек на планетата е Џеф Безос, сопственикот на Amazon, следен од Илон Маск од Tesla, Бил Гејтс основачот на Microsoft, Марк Цукерберг директорот на Facebook, а во топ 10 се и Лери Пејџ и Сергеј Брин како основачи на Google.