Нова слика открива многу за Motorola Edge S

Објавено на 26.01.2021 во Новости



Нова слика открива многу за Motorola Edge S

Lenovo и Motorola ќе ги здружат силите за лансирање на нов квалитетен смартфон во високата класа кој според најновата тизер слика ќе има атрактивен дизајн со заоблени работи и четири главни камери на задната страна.

Motorola Edge S ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 870 процесор, 6 GB RAM, 128 GB внатрешна меморија, ќе има одлична батерија со капацитет од 5000 mah и брзо полнење, а исто така ќе понуди 6,7 инчен дисплеј со Full HD Plus резолуција.

Останува уште да се открие цената и датумот на глобалниот пласман на Motorola Edge S кој сигурно ќе привлече големо внимание. 





Прочитајте повеќе: