Samsung Galaxy S22+: Протекоа нови рендери, кои се клучните спецификации

Објавено на 18.01.2022 во Новости



Samsung Galaxy S22+: Протекоа нови рендери, кои се клучните спецификации

Рендери со Samsung Galaxy S22+ се објавени од 91Mobiles и ликстерот Ишан Агарвал. S22+ се одликува со дупка на екранот за селфи камерата во средината, додека копчето за вклучување/исклучување и копчето за регулирање на звук е странично од десната страна на уредот.

Наводно, Galaxy S22+ ќе биде дизајниран со метална шасија. Од задната страна телефонот ќе биде со тројна камера и LED блиц. Galaxy S22+ ќе биде лансиран со Exynos 2200 . Главниот сензор на камерата на Galaxy S22+ ќе биде 50MP со Adaptive Pixel технологија и ќе ги креира сликите во 12-битен формат.

Батеријата ќе биде 4,500mAh и 45W брзо полнење со кабел, а дисплејот ќе биде LTPO AMOLED со големина од 6.55-инчи.