Видео: Елон Маск ги прикажа новите вселенски одела

Објавено на 10.09.2017 во Новости



Видео: Елон Маск ги прикажа новите вселенски одела

Елон Маск ја подготвува својата компанија SpaceX за првата мисија во која ќе има човечки екипаж, па затоа реши да открие како ќе изгледаат нивните вселенски одела кои може да им парираат на НАСА со ефикасноста и модерниот дизајн каде се вклучени сите неопходни параметри.

Главната цел на Маск е еден ден да го освои Марс каде треба да се изгради човечка колонија која би ја трансформирала планетата да биде погодна за живот, но и да продолжи со вселенски подвизи.

Повеќе технички детали за вселенските одела на SpaceX засега не се откриваат бидејќи се во рана фаза на развој, но од прикажаното може да се забележи дека се многу мобилни и флексибилни што ќе биде одлично за астронаутите.
 

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
 


{}