Samsung Galaxy Note 8 официјално промовиран во Македонија

Објавено на 13.09.2017 во Новости



Samsung Galaxy Note 8 официјално промовиран во Македонија

Samsung Macedonia и официјално го претстави новиот супер моќен фаблет Samsung Galaxy Note 8 пред скопската публика. Пласманот на Samsung Galaxy Note 8 на глобално ниво веќе е во полн ек, а не изостанува ниту Македонија која ќе има можност да го купи новиот фаблет со бројни адути во сите категории. 

На промоцијата во Дистрикт беа истакнати главните квалитети на Samsung Galaxy Note 8 како што е одличната двојна 12 мегапикселна камера за креирање фантастични слики и видеа со оптичка стабилизација, употребата на S Pen за брз внес на податоци и команди, новиот 6,3 инчен InfinityDisplay со сразмер од 18:9 и Quad HD резолуција, како и неговиот моќен осум-јадрен Exynos 8895 Octa процесор. 

- Во 2011 кога за прв пат ја лансиравме Note серијата малкумина веруваа дека телефон со голема дијагонала на дисплејот ќе постигне успехот. Samsung ги следи потребите на потрошувачите, но и создава нови категории на производи што е резултат на иновативноста, истакна директорот Милан Вујовиќ. 

Колегата од Смартпортал го доби и првиот Galaxy Note 8.

Samsung Galaxy Note 8 ќе може да се купи во македонските мобилни оператори, како и низ повеќе дистрибутери на електронска опрема. 

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
 


{}