Galaxy Z Flip 5: Спецификации со одредени новитети

Објавено на 08.06.2023 во Преклопни уреди



Galaxy Z Flip 5: Спецификации со одредени новитети

Samsung туку што го најави Unpacked настанот во Сеул за следниот месец. Тогаш ќе пристигне преклопниот Galaxy Z Flip 5, за кого се очекуваат следните спецификации:

    Главен 6.7-inch AMOLED дисплеј со FHD+ резолуција и 120Hz стапка на освежување;
    Секундарен 3.4-инчен AMOLED екран со HD резолуција;
    Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 процесор;
    8GB RAM меморија;
    128/256GB внатрешна меморија со две опции;
    12MP + 12MP двојна задна камера;
    Android 13 оперативен систем и One UI 5.1 кориснички интерфејс;
    3,700mAh батерија со 25W брзина на полнење;

Galaxy Z Flip 5 ќе има многу сличности со својот претходник во однос на изгледот, освен секундарниот помал екран, кој сега двојно се зголемува и новиот процесор, кој ќе овозможи полесна работа со телефонот. Неговата почетна цена се очекува да биде 1000 долари.