Зумирајте, што се случува на Google Maps над Омиш?

Објавено на 09.08.2023 во Новости



Зумирајте, што се случува на Google Maps над Омиш?

Google Maps се една од незаменливите алатки кога планирате патување. Сателитските снимки на нашата планета се доста детални, а благодарение на фотографиите на Street View направени претежно од луѓе со автомобили, можеме да ѕирнеме во речиси секој агол на градовите, да ги следиме патиштата и сообраќајните знаци, виртуелно да ѕирнеме во плажите, и друго.

Сега имаме пример со фотографија од авион, кој е фатен во лет, која што може да ја погледнете ако пребарувате на Google Maps во Хрватска. Авионот е снимен над Омиш, над улицата Пут Борка, после разделбата со улицата Милан Марушица. Кога Омиш се гледа со помал зум, нема да видите ништо необично на мапата. Меѓутоа, ако зумирате малку, јасно може да видите патнички авион во лет. 

На картата можете да ги видите и контурите на авионот во зелена и црвена боја. Причината за ваквата необична фотографија е фактот што сателитите над Земјата прават неколку фотографии од различни спектри на бои, а конечната слика на мапата е резултат на комбинирање на неколку такви фотографии во една.