Креаторот на Candy Crush стопи 1 милијарда долари

Објавено на 28.03.2014 во Новости



Креаторот на Candy Crush стопи 1 милијарда долари

King е компанијата за мини игри која стои зад мегапопуларната Candy Crush Saga и охрабрени од огромниoт успех на повеќе платформи одлучија да излезат на берза со прва јавна понуда на акции, но брокерите очигледно не беа заинтересирани да си „играат“ па затоа пропаднаа речиси една милијарда долари.
 
 
Компанијата King очекуваше преку почетната продажба на акции да заработи 7.5 милијарди долари по цена од околу 20 долари за акција, но по слабиот интерес вредноста на акциите падна на околу 18 долари со што денот се заврши со повеќе од една милијарда долари минус. 
 
 
Сличен ефект имаа Facebook, Twitter и повеќе компании од IT секторот кои со почетната понуда на акции и нивното брзо обезвреднување губеа многу од планираните средства. Сепак, берзата е непредвидлива и можеби во наредните денови ќе дојде до раст на акциите, а King само во последните три месеци преку Candy Crash заработил 600 милиони долари.