Nokia се враќа на корените

Објавено на 11.08.2014 во Новости



Nokia се враќа на корените

Требаше да се случи чудо и Microsoft да ја купи Nokia, за конечно да добиеме телефон каков што ни е потребен.

Едноставност, издржливост  и долготраен век на батеријата. Тоа се четрите желби што сите ги имаме за совшениот Nokia телефон. Microsoft, за разлика од Nokia, изгледа ги слуша своите потрошувачи што бараат од телефонот.

Nokia 130 најдобриот телефон кога ќе се спореди цена квалитет. Со цена од 25 евра(да, точно прочитавте ДВАЕСЕТ И ПЕТ  евра, што е еднакво на 1500 денари) ги нуди сите квалитети кои ја направија Nokia легендарна компанија во телефонската историја.

Едноставност

Зашто екран на допир, кога знаеме дека тие ја отежнуваат работата. Зашто камера, кога знаеме дека таа само значи дополнителни менија и поспор телефон. 130 го нема ни тоа, ни тоа. Со убаво издефинирани гумени копчиња и брзиот интерфејс, 130 ја има искрата на славните години на Nokia со 3310,3210,3510 и сите останати. На местото на камерата се наоѓа голем звучник, а над него LED светилка.

Издржливост    

130 е направен од истиот матријал со кои долги години компанијата ги правеше најиздржливите телефони, а гумените копчиња и засиленото стакло на екранот ќе се погрижат предната страна да изгледа како денот кога сте го купиле долги години.

Долготрајност на батеријата

За телефон кој нема многу опции, секоја батерија би требало да се носи, или да биде подобра, од новите смартфони(кои во просек издржуваат до 15 часа работа). Но, со толку многу место во празниот телефон, зашто да се ограничуваме на мала батерија? 130 има 1020mAh батерија, така да наша препорака е да го наполните само еднаш годишно.

Сепак, овој телефон не е до толку заостанат во поглед на опции. Тој може да пушта секаков тип на видео, а слотот за microSD дозволува до 32ГБ дополнителна меморија.

Тој ќе биде достапен во две варијации и тоа, со една сим картичка или две. А, исто така ќе биде достапен во три бои и тоа црна, црвена и бела.