Xiaomi подготвува супер евтин таблет

Објавено на 31.10.2014 во Новости



Xiaomi подготвува супер евтин таблет

На сајтовите за тестирање на нови уреди се појави и нов таблет на Xiaomi кој според добиените резултати ќе припаѓа на основната класа, а со тоа се претпоставува и многу ниска цена со оглед на досегашната практика. Најверојатно станува збор за таблет со HD дисплеј со големина од 9.2 инчи.
 
 
Од останатите компоненти откриени се и 64 битен четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 410 процесор од 1.2 GHz, Adreno 306 графичка, 1 GB RAM и 8 GB меморија. Интересно е што на тест моделот е наведено дека нема подршка за двете камери, па можеби тоа е намерно направено за дополнително да се спушти цената на големиот таблет.
 
 
Новиот таблет на Xiaomi ќе го користи Android 4.4 KitKat, надополнет со интерфејсот MiUI, ќе има можност за работа со SIM картичка, Bluetooth, GPS и Wi-Fi. Цената и официјалното име на таблетот се уште не се познати.