Историски ден за интернетот, изгласана нет неутралноста

Објавено на 27.02.2015 во Новости



Историски ден за интернетот, изгласана нет неутралноста

Федералната комисија за комуникации на САД со историското гласање од 3-2 подржано од демократите соопшти дека ќе го промени начинот на кој интернет провајдерите се регулирани, а интернет сервисот е прогласен за јавна услуга.
 
 
„Интернетот е најмоќната и најпродорната платформа на планетата, рече Том Вилер претседателот на FCC за време на јавна седница пред гласањето - таа е едноставно премногу важна за да се остави без правила и без судија на теренот."
 
 
Одлуката на FCC преточена во одредбата Title II се смета за голема победа за концептот на нет неутралноста со што операторите ќе подлежат на голема конрола и ќе мора да обезбедат еднакви услуги од сите провајдери. Променет е и начинот на кој се гледааат услугите како безжичен и широкопојасен интернет.
 
 
Давателите на услуги се загрижени затоа што, барем теоретски, Title II сега му дава на FCC овластување интернетот да го постави во категорија на кабелската индустрија, за регулирање на процесот меѓу операторите и креаторите на содржини без фаворизирање, каде што давателите на услуги неодамна почнаа со понуда на содржини, како што е Netflix. 
 
"Ова е историски ден во историјата на интернетот", рече професорот Тим Ву од Универзитетот Колумбија човекот кој го измисли терминот „неутралност“. Неутралноста на интернетот, како принцип, е кодифицирана. Општо земено, ова ќе биде почеток на една сосема нова ера на тоа кои комуникации се регулирани во САД", а со тоа и за сите корисници ширум светот.